Одделението за управни служби при полициската станица во Куманово вчера од мисијата на ОБСЕ во нашата држава доби донација во компјутерска опрема и канцелариски материјал

Одделението за управни служби при полициската станица во Куманово вчера од мисијата на ОБСЕ во нашата држава доби донација во компјутерска опрема и канцелариски материјал за подобрување на административните услуги на граѓаните од општините Куманово, Старо Нагоричино и Липково.

Донацијата вредна 8.750 евра е шест компјутери, два печатачи, три работни маси, шест канцелариски столчиња, десет клупи за седење, два климатизера и компјутерски материјал, обезбедени со парична поддршка од Кралството Холандија.

На овој начин ќе им се олесни работата на вработените во Одделението за управни служби, а на околу 150 илјади жители, пак, ќе им се обезбедува побрзо и поефикасно добивање на неопходните документи и информации.