Овој јавен извештај е резултат на работата на мрежата КОМУНИЈА во Дигиталниот јавен домен. Извештајот беше подготвен за (1) да се изврши преглед на активностите на КОМУНИЈА (2) да се испита состојбата со дигиталниот јавен домен во Европа; и (3) да се препорачаат стратегии за политики за здрав јавен домен со кои дигиталните содржини во Европа ќе се направат попристапни и поупотребливи.

Беше објавена и книгата „Дигиталниот јавен домен: Основи за отворена култура“(англиски јазик, .pdf, 5MB). Во неа се опфатени есеи од академици, библиотекари, претприемачи, активисти и креатори на политики кои учествуваа во проектот Комунија, финансиран од ЕУ. Според авторите на книгата, јавниот домен – т.е. информативните дела во сопственост на сите нас, без разлика дали станува збор за литература, музика, продукцијата на научни истражувања, едукативен материјал или информации од јавниот сектор – е од суштинско значење за едно здраво општество.

Есеите се движат од теоретски трудови за историјата на авторските права и јавниот домен, до практични примери и студии на случаи за последните проекти во кои се воведени принципите на отворен пристап и лиценците Криејтив комонс. Книгата е наменета за сите заинтересирани за тековната дебата околу авторските права и интернетот. Отвора дискусија и нуди практични решенија за тешкото прашање околу регулирањето на културата во дигиталното доба.

Манифест за јавниот домен, подготвен во рамките на КОМУНИЈА.