freedom-and-privacy-logo-web

На 21 и 22 мај, фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен организираат меѓународна конференција на тема Слобода и приватност на интернет. Настанот е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан, а ќе се одржи во салата City Hall во Скопје.

Првиот ден ќе биде посветен на приватноста на интернет, а вториот на слободата на изразување, при што експерти од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Франција ќе имаат излагања за разни аспекти од овие две области.

Некои од говорниците се: Себастјан Ботро-Бонтер од Институтот за човекови права и мир во Каен, Лејла Бичакчиќ од Центарот за истражувачко новинарство од Сараево, Георги Апостолов од Центарот за побезбеден интернет во Бугарија, претставници од Слободен Софтвер Македонија, ТВ и веб-уредници, експерти за човекови права и говор на омраза.. Модератори на кофренецијата ќе бидат Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар и Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми.

        Темите опфаќаат:

        Прв ден: Приватност на интернет (21 мај)

        • Правна и институционална рамка на приватноста во ЕУ и во Балканскиот регион
        • Приватност во медиумите
        • Приватност на децата на интернет
        • Приватноста во бизнис секторот

        Втор ден: Слобода на изразување на интернет (22 мај)
        Коспонзорирано од Computers, Freedom and Privacy (CFP)

        • Цензура во медиумите
        • Државата и медиумите
        • Слобода на изразување и говор на омраза
        • Социјални медиуми: слободна територија (трибина)

        Агенда (ПДФ)

        Твитер хаштагот за конференцијата е #fpi12

        Организатори на настанот:metamorphosis_kirilica_novoinstitut

         

         

         

         

        Во рамките на:

        logo_BNMK-MK

         

        Партнери и поддржувачи:

        Партнери и поддржувачи

        CFP