Речиси 400 луѓе од целиот свет се собраа во Торино (Италија) по повод Конференцијата на КОМУНИЈА „Универзитетот и сајбер просторот“ (28-30 јуни, 2010 во главниот кампус на Политехничкиот институт во Торино).
Конференцијата „Универзитетот и сајбер просторот: Преобразување на образовните институции според добата на вмрежување“ е уникатен тридневен настан на кој бројни академици, креатори на политики, визионери, претприемачи, архитекти и активисти ќе се осврнат на некои од најзначајните прашања со кои универзитетите се соочуваат во добата на интернетот.
На конференцијата присуствуваат двајца претставници на Фондацијата Метаморфозис, којашто е членка на тематската мрежа КОМУНИЈА.