Сопственик на фирма од Дебар, кој користел туѓ софтвер, заработи кривична пријава.

Полицијата од Дебар кривично го гони К.Ш. (44) од Дебар, сопственик на фирмата „Албанет“ за сторено дело неовластена употреба на туѓ пронајдок.

Пријавениот во текот на минатата година и годинава во просториите на фирмата за компјутери неовластено користел туѓ софтвер (Мајкрософт Виста), со што ја оштетил фирмата „Мајкрософт” од Скопје за износ од околу 300 евра.

Извор: Вечер “Користел туѓ софтвер” бр. 14280, 21 декември, 2009.