Купувањето ќе ја консолидира доминацијата на „Космоте“ во Грција и ќе му овозможи на мобилниот оператор да добие голем број нови клиенти во Македонија, Романија и Бугарија
Мобилниот оператор „Космоте“ (Cosmote), најголемиот мобилен оператор во Грција, ќе плати 1,58 милијарди евра за „Германос“ (Germanos), најголемиот дилер на телефонски услуги во Грција, за да ја зајакне својата натамошна експанзија на пазарот на Источна Европа, соопштува „Блумберг“.
Купувањето ќе ја консолидира доминацијата на „Космоте“ во Грција и ќе му овозможи на мобилниот оператор да добие голем број нови клиенти кои ги има „Германос“ преку мрежата од околу 200 продавници во Македонија, Романија и Бугарија.
Минатата година „Космоте“ потрошил 610 милиони евра за купување на мобилни мрежи во Бугарија, Македонија и Романија со цел да ја искористи побарувачката за мобилна телефонија чиј подем е побрз спореден со побарувачката на грчкиот пазар.
Извор: Блумберг