е-Законодавство: Криејтив комонс (креативни заеднички содржини)

Криејтив комонс (креативните заеднички содржини) му служат на јавниот интерес преку огромна размена на изразување, знаење и уметност. Нашата основна цел е на македонската јавност да и понудиме група на бесплатни лиценци за авторски права. Овие лиценци им помагаат на луѓето да му кажат на светот дека нивните авторски дела се слободни за делење, но само под одредени услови. Проектот беше спроведен на три нивоа кои опфаќаа: развивање на законска основа за воспоставување на структурата на Криејтив комонс, развој на техничка основа и подигнување на свеста кај заинтересираните за можностите кои ги нудат Криејтив комонс.

За потребите на законската основа беше анализирано националното законодавство за да се оценат можностите кои ги нуди македонскиот Закон за авторски права наспроти Лиценцата Криејтив комонс. Беше изработена Предлог-Лиценца за Криејтив комонс, а за тоа придонесоа сите релевантни чинители. Пошироката заинтересирана заедница – автори, уметници, академици и други релевантни тела на национално ниво беше вклучена во спроведувањето на проектот преку учество во спроведувањето на неколку активности предвидени со проектот, особено во изработката на националната лиценца и во понатамошното промовирање на концептот на Криејтив комонс.

Активностите за промоција на лиценците за Креативни заеднички содржини и подигнување на свеста за прашања поврзани со интелектуалната сопственост беа спроведени од февруари до април 2007 година.

Официјален веб-сајт на Криејтив комонс – Македонија
Глобален веб-сајт на Криејтив комонс

Назад кон програмата е-Законодавство

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

е-Законодавство:

Криејтив

комонс

(креативни

заеднички

содржини)