Компанијата Софос пресретнала е-мејл порака со лажно известување за сигурносна надградба на Мајкрософт која се обидува да го пренасочи примачот на лажен веб-сајт

        Компанијата Софос (SophosLabs) пресретнала е-мејл порака со лажно известување за сигурносна надградба на Мајкрософт која се обидува да го пренасочи примачот на лажен веб-сајт. Ако корисниците го следат линкот и се обидат да ја преземат „надградбата“, на нивниот компјутер се инсталира тројанецот Troj/DSNX-05 кој им овозможува на хакерите далечински да го надгледуваат инфицираниот компјутер.

        Со оглед на фактот што Мајкрософт никогаш не известува на таков начин за сигурносните и другите промени, Софос им препорачува на примачите да бидат внимателни со е-мејл пораките од таков тип.