По неколкудневните гласини што кружеа по медиумите, Ајбием, пионерот во биснисот со персонални компјутери, го продаде својот оддел за производство на хардвер на најголемиот кинески производител, Леново…

По неколкудневните гласини што кружеа по медиумите, Ајбием (IBM), пионерот во биснисот со персонални компјутери, го продаде својот оддел за производство на хардвер на најголемиот кинески производител, Леново (Lenovo).

Со оваа трансакција кинеската компанија станува трет по големина производител во светот.

Компанијата Леново, којашто порано се викаше Леџенд (Legend), се обидува со сите сили да ги пласира своите производи на меѓународниот пазар.
Во меѓувреме, Ајбием ќе се фокусира на подоходовни бизниси.

Целосната трансакција изнесува околу 1,75 милијарди долари. Од нив 650 милиони ќе бидат исплатени во кеш, а за 600 милиони Ајбием ќе добие 18,9% од акциите во Леново со што ќе стане втор по големина акционер. Кинеската компанија ќе должи уште 500 милиони долари, а целосната трансакција се очекува да заврши во второто тромесечие од 2005г.

И двете компании, Ајбием и Леново, официјално ја потврдија трансакцијата.