Локализираната верзија на лиценците Криејтив комонс беше промовирана на 15 април во Чешката Република, која стана педесет и втората јуриздикција на светско ниво којашто понуди локализирани Криејтив комонс лиценци.
По опширните консултации со локалните и меѓународни правни експерти и во тесна соработка со Криејтив комонс интернешнл, чешкиот Криејтив комонс ги локализираше лиценците и ја прослави нивната промоција на настанот за време на фестивалот Multiplace во Прага, на 16 април 2009 г.
Чешките Криејтив комонс собраа многу приврзаници уште од основањето минатата година. Освен институциите домаќини на проектот, членот на ЕДРи Iuridicum Remedicum (IuRe), националната библиотека на Чешката Република и Унијата на независни автори, Криејтив комонс во Чешка исто така доби поддршка од Одделот за авторски права на Министерството за култура и Факултетот за филозофија и уметност при Универзитетот Чарлс во Прага.
Тимот известува: „Здружените сили на адвокатите, библиотекарите, музичарите, учителите, уметниците, новинарите и другите специјалисти не го испорачаа само она што беше целта – локализираните КК лиценци и правен кодекс – туку и доказ дека идеите зад Криејтив комонс одекнуваат во многу области – како професионални, така и аматерски. Од архивирање на оригиналната интернет содржина од Чешка, до образовни материјали и дела од независни музички продуценти и изведувачи, KK отвора широк спектар на можности. Нема сомнение дека денешната промоција е само почеток на приказната за чешките Криејтив комонс“.
Марек Тиши од IuRe коментира: „Обичните луѓе стануваат сè покреативни. Голем дел од нив ги пишуваат и објавуваат своите дела на интернет. Авторските права беа доста рестриктивни во однос на лесната дистрибуција на креативни дела“.
Creative Commons – Czech Republic
http://www.creativecommons.cz/
Creators Celebrate Local Creative Commons Licenses in the Czech Republic (15.04.2009)
http://creativecommons.org/press-releases/entry/14018
Select a CC Licence (in Czech)
http://staging.creativecommons.org/license/?lang=cs
Creative Commons licences available in Czech Republic (17.04.2009)
http://praguemonitor.com/2009/04/17/creative-commons-licences-availabl…
Извор: ЕДРИ-грам „Creative Commons licences launched in Czech Republic“ бр. 7.8., 22 април, 2009.



