Иницијативата за отворен код изјави дека се реорганизира со цел да донесе повеќе структура во движењето за софтвер со отворен код и дека ко-основачот Ерик Рејмонд се повлекува од претседателската позиција

        Иницијативата за отворен код изјави дека се реорганизира со цел да донесе повеќе структура во движењето за софтвер со отворен код и дека ко-основачот Ерик Рејмонд се повлекува од претседателската позиција.

        Рејмонд, еден од најзабележителните и највлијателните членови на заедницата на слободен софтвер, ќе продолжи да помага и ќе работи како „амбасадор“ на Иницијативата за отворен код, организација која дава сертификати за лиценците за отворен код.

        Рејмонд е автор на „Катедралата и чаршијата“ (The Cathedral and the Bazaar), манифест кој помогна во дефинирањето на идејата и комерцијалната остварливост на слободно достапен софтвер.

        Промената се случила во понеделникот кога Иницијативата за отворен код од Сан Франциско изјавила дека има намера да ги прошири своите активности со цел да изгради поголема мрежа на провајдери на софтвер со отворен код и да биде повеќе меѓународно ориентирана. Бордот ќе биде проширен за да вклучи луѓе кои не се од САД.