Компанијата Lindows.com, со цел да допре до поголем број корисници, издаде верзија на оперативен систем која се покренува директно од CD-ROM, без претходно инсталирање на харддиск.
Компанијата Lindows.com, со цел да допре до поголем број корисници, издаде верзија на оперативен систем која се покренува директно од CD-ROM, без претходно инсталирање на харддиск.
Новиот производ LindowsCD е насочен кон оние кои сакаат да го користат Linux како алтернативен оперативен систем, без да ги отстранат или заменат постоечките оперативни системи на нивните компјутери.
„Корисниците обично немаат резервен компјутер за да пробаат Linux.Се што треба да сторат е да го стартуваат LindowsCD, и оперативниот систем ке се покрене со сите потребни апликации. Кога ќе го отстранат CD-то и рестартираат компјутерот, ќе го најдат својот компјутер во првобитната состојба„-изјавија претставници од компанијата.
Верзијата нуди многу стандардни карактеристики на оперативен систем, вклучувајќи
Microsoft-компатибилни бизнис апликации, мултимедијална поддршка за MP3, Real Audio и Flash. Исто така овозможува пристап до Microsoft Word, PowerPoint и Excel-фајлови, без примена на дополнителни софтвери.
LindowsCD е бесплатен за оние кои веќе ја купиле верзијата Lindows 4.0. Доколку се купува одвоено, чини 29,95 $.