Прочуената новинарка и писателка Наоми Клајн извесува од конференција за инвеститори во оваа зона.
Извадок од написот „Ризична работа“ на Наоми Клајн (18.12.2003.):
Се повеќе почнувам да забележувам дека многу од делегатите на конференцијата „Ребилдинг Ирак 2“ (Реизградба на Ирак) имаат сличен стил на облекување: војнички кратки „четка“ фризури, комбинирани со темни бизнис одела. Гуру на оваа банда е пензионираниот генерал-мајор Роберт Дис (Maj. Gen. Robert Dees), неодамна најмен од војската за да го предводи одделот за „одбрамбени стратегии“ во Мајкрософт. Дис им кажува на присутните дека обновата на Ирак за него има особено значење бидејќи, сепак, тој биле еден од они кои го скршиле. „Влезен сум во оваа работа со целото свое срце и душа бидејќи јас бев еден од првите планери на инвазијата“, со гордост кажува тој. Мајкрософт помага да се изгради „е-влада“ во Ирак, но, Дис признава дека тоа е малку преамбициозно со оглед на тоа што во Ирак не постои ниту в-влада, а да не зборуваме и за тоа дека не постојат исправни телефонски линии.
Како и да е, Мајрософт е решен да се избори за простор под ирачкото сонце. Всушност, компанијата е толку блиска со Владеачкиот совет (Governing Council) на Ирак, што еден од нејзините менаџери, Хајтум Ауда, за време на конференцијата служеше како официјален преведувач на министерот за труд и социјална политика на Советот, Сами Азара ал-Мајун. „Воопшто не постои омраза кон силите на коалицијата“, рекол Ауда преведувајќи ја изјавата на ал-Мајун. „Деструктивните сили се многу мали, а и тие наскоро ќе исчезнат… Имајте доверба во обновата на Ирак!“.
Но, воведничарите на панел дискусијата за „Справување со ризик“ имаат поинаква порака: Треба да се плашите во врска со обновата на Ирак, треба многу да се плашите. За разлика од претходните предавачи, нивната грижа не се очигледните физички ризици, туку потенцијалните економски. Тоа се осигурителните брокери, мрачните жнеачи (игра на зборови, „the grim reaper“ е синоним за Смртта) на ирачката златна треска.