Нов член на годишната конференција за информатичка технологија организирана од Македонската асоцијација на информатички компании – МАСИТ од годинава е и „Мајкрософт“-Македонија.
Нов член на годишната конференција за информатичка технологија организирана од Македонската асоцијација на информатички компании – МАСИТ од годинава е и „Мајкрософт“-Македонија.
На овој начин, „Мајкрософт“ ги доближува своите глобални ресурси до македонските ИТ-компании, со што директно ќе придонесе за побрз развој на домашната информатичка индустрија, создавање готови ИТ-производи што ќе се извезуваат во странство, како и за развој на македонското стопанство воопшто. „Мајкрософт“ на конференцијата ќе објави и конкурс за најдобро македонско софтверско решение, кое ќе биде наградено со 5.000 евра.