Мајкрософт (Microsoft) ја претстави завршената верзија на пребарувачот развиен во лабораториите на софтверскиот џин
Мајкрософт (Microsoft) ја претстави завршената верзија на пребарувачот развиен во лабораториите на софтверскиот џин. Пребарувачот ја наследува тест верзијата објавена во месец ноември 2003 година.
Пребарувачот индексира повеќе страници од претходната бета верзија, може да дава директни одговори на конкретни прашања и нуди алатки кои им овозможуваат на луѓето да спроведуваат подетални пребарувања.
За опцијата за давање директни одговори Мајкрософт ја користи својата Енкарта енциклопедија за да даде одговори на прашањата што се однесуваат на дефиниции, факти, пресметки, конверзии и решенија на равенки.
Алатките на пребарувачот им овозможуваат на корисниците да ги филтрираат резултатите според одредени веб сајтови, земји, региони или јазици. Исто така, Мајкрософт ги користи таканаречените „графички стабилизатори“ за да им овозможи на корисниците да ја наведат релевантноста на термините за да добијат понови и пополуларни резултати.



