Мајкрософт им нуди избор за интернет прелистувач на корисниците на IE. Од 1-ви март, милиони европски корисници на интернет експлорер (IE) ќе имаат можност да изберат алтернативен прелистувач, соопшти Мајкрософт.

Одлуката следува по спогодбата меѓу Мајкрософт и Европската комисија за конкуренција од декември 2009 г.Мајкрософт се обврза да им допушти на европските корисници на Виндоуз да инсталираат интернет прелистувач по избор, наместо интернет експлорер да биде стандарден.

Бројките покажуваат дека повеќе од половина од интернет корисниците во светот имаат интернет експлорер.Тестирањето за ажурирањето веќе е во тек во Обединетото Кралство, Белгија и Франција.

Според еден блог пост на Дејв Хајнер, потпретседателот на Мајкрософт и заменик генерален советник, корисниците на Windows XP, Windows Vista и Windows 7 автоматски ќе добијат можност за софтверско ажурирање. На блогот исто така е поставена кадар на екранот со пораката којашто ќе се појавува.

„Корисниците на кои им се појавува екран за избор ќе имаат можност да го изберат кој било прелистувач или да продолжат да го користат оној што веќе го имаат, по нивна желба“, вели г. Хајнер.

Google Chrome, Firefox, Safari и Opera се алтернативните прелистувачи кои ќе им се нудат на корисниците.

„Милиони луѓе кои никогаш не размислувале кој интернет прелистувач да го користат, сега ќе бидат принудени да изберат“, вели дописникот на БиБиСи технологија Рори Силан-Џоунс на својот блог. „Со тоа им се дава уникатна пазарна шанса на ривалите на Мајкрософт“.

Претседателот на Фондацијата Mozilla, Мичел Бејкер ги опиша вестите како „значајна пресвртница кон помагање на луѓето да преземат контрола врз нивните животи на интернет“.

Извор: BBC “Microsoft offers web browser choice to IE users” 19 февруари, 2010.