На 28-ми март, во хотел Порта, здружението „Отворете ги прозорците“ одржа конференција „За е-пристапни основни училишта: Асистивна технологија во основното образование во Македонија”. Стотината учесници беа едногласни дека примената на асистивната технологија ги подобрува образовните можности за учениците со хендикеп.Конференцијата ја отворија директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Роберт Вурц и Наташа Јаневска, државен советник од Министерството за образование и наука. Присуството на високите гости беше искористено, јавно да се доделат наградите за најуспешните творби на конкурсот „Компјутерот – мојот прозорец кон светот“.
Претставници на локални и државни образовни институции, релевантни граѓански организации, директори на училишта, наставници и родители на ученици со посебни образовни потреби учествуваа во работниот дел.
Присутните беа информирани и дискутираа за напорите на релевантните институции во насока на подобрување на е-инклузијата на основното образование. Низ позитивни примери, претставници на училиштата и родителите ги споделија првичните искуства од пионерските чекори за воведување на асистивната технологија во наставата.

Учесниците се согласија дека асистивната технологија ги зголемува образовните можности за учениците со посебни образовни потреби и предложија мерки за нејзино системско воведување во образованието.
Заклучоците и препораките од конференцијата ќе бидат објавени во публикација, како дел од проектот „Еднаков пристап за еднакви можности“, финансиран од УСАИД.
За да ги погледнете презентациите на воведничарите на конференцијата, следете ги следните линкови:
- Радмила Стојковска Алексова, дефектолог во „Отворете ги прозорците“: Презентација: е-Пристапноста и основното образование
- Мартин Тодевски, Одделение за развој и промоција на информатичко општество при МИОА: Презентација: Национална стратегија за е-инклузија
- Росица Колева: Презентација: Инклузивни практики на употреба на АТ во основното образование во Англија
- Марија Симонова, советник во Бирото за развој на образованието: Презентација: Применливоста на G-Compris во наставата со учениците со посебни образовни потреби
- Магдалена Димкова, дефектолог во „Отворете ги прозорците“: Презентација: Воведување асистивна технологија во 21 основно училиште
- Анита Китановиќ, психолог во ОУ „Јосип Броз Тито“ – Валандово: Презентација: ОУ „Јосип Броз Тито“ (Валандово) – Добра училишна практика
- Елизабета Секуловска, дефектолог во ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп: Презентација: ОУ „Гоце Делчев“ (Прилеп) – Добра училишна практика
- Надјенка Апостоловска Туторов, родител: Презентација: Искуство на родителите во примена на асистивната технологија