Иако Уставот на Република Македонија и Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП), Кривичниот законик, Законот за организацијата и работата на државните административни органи и другите закони ги признаваат и штитат правата на приватност, заштита на податоците и тајност на комуникациите, нивното заштитување беше значително отежнато во текот на 2008.

Мал број на македонски невладини организации работат во областа на приватноста, а во текот на 2008 г. тие беа главни преокупирани со заштитата на човековите права на децата на интернет –  вклучувајќи ја и приватноста на децата, како и заштитата на приватноста од страна на полицијата и полициските агенции.

Во јули 2008, Собранието го ратификуваше Дополнителниот протокол на Конвенцијата за заштитата на поединци во однос на автоматската обработка на личните податоци за надзорните органи и прекуграничниот проток на податоци. Документот беше потпишан на 4 јануари, 2008. Во јули, 2008 г., парламентот исто така усвои Закон за измена и дополнување на ЗЗЛП и ги зголеми казните за праќање на спам-пораки. Двата документи (дополнителниот протокол и измените и дополнувањата) стапија во сила на 19 август, 2008.

Главните измени  и дополнувања беа извршени со цел усогласување со правото на ЕУ и Конвенцијата на Советот на Европа, преку додавање на специфични одредби во врска со видео-надзорот, независноста на Дирекцијата за заштита на личните податоци и поедноставувањето на процедурите за известување и справувањето со жалби.

Во периодот од 2007-2008, Дирекцијата и даде приоритет на јавната свест за правото на заштита на личните податоци. Во соработка со членот на ЕДРИ – фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата го имплементираше норвешкиот модел за подигнување на свеста кај младите преку создавање на образовни содржини и организирање јавни настани во три средни училишта.

Во текот на 2008 г., фондацијата Метаморфозис го имплементираше проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP), кофинансиран од Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR) и Метаморфозис. Во рамките на проектот беше воспоставена мрежа од 12 невладини организации кои работеа на промоција и заштита на детските права на интернет во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во активностите на проектот спаѓаа подготовка на наставна програма и образовни ресурси на македонски и албански јазик, достапни на интернет и печатени, како и спроведување на обуки. Со обуките беа покриени 50 основни и 20 средни училишта, а учествуваа 8.482 деца, 1.138 родители и 1.170 наставници од 12 градови и 7 села низ цела Македонија.

На 26 август 2008 г. се одржа јавна дебата за приватноста во Македонија, како дел од јавната консултација за елаборирање на Извештајот за приватноста и човековите права во Македонија за 2008, а во текот на дебатата беа повторени тврдењата од претходната година дека во јавноста нема информации за случаи кога одредбите за заштита на приватноста од Законот за електронски комуникации биле всушност спроведени, и дека спамирањето останува широко распространета пракса во македонскиот бизнис сектор. Освен тоа, најмалку една компанија продолжува да обезбедува услуги на спамирање за други компании, а бројот на македонски правни лица кои имаат политика за приватност е сè уште занемарлив.

Иако прислушувањето е регулирано со закон и неовластеното прислушување е забрането, случаите на прислушување иницирани во минатото не дочекаа судска завршница. Најзначајниот пример е процесот против државата инициран од 17 новинари кои беа предмет на надзор во аферата „Големо уво“ во 2001 г. Четири различни судии неуспешно го водеа овој процес повеќе од седум години, а случајот конечно беше решен на повтореното судење во јуни, 2007 г. Државата беше прогласена за виновна, но 17-те тужители изјавија дека останале незадоволни од обесштетувањето и целокупниот процес. Нивните застапници изјавија дека нема да го прекинат судењето што веќе се одвива во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, врз основа на нивната жалба. Во септември 2008, Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд, но го намали обесштетувањето од почетните 6.000 евра на приближно 4.000 евра по новинар. Новинарите изјавија дека „не се задоволни со надоместокот, и овој преседан испраќа сигнал дека прекршителите на човековите права може евтино да поминат во Македонија.“

По парламентарните избори одржани во јуни, 2008 г., Владата и парламентот користеа неоправдано забрзана постапка за усвојување на измени и дополнувања на преку 164 закони во јули и 17 закони во наредниот месец без каква било претходна јавна дебата. Тука спаѓаат и измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите со кои им се зголемија овластувањата за надзор на државните безбедносни агенции.

Видни невладини организации како Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Здружението за криминална правда и криминологија во Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија ја осудија легализацијата на превентивниот надзор и игнорирањето на потребата да се оправдаат истражните мерки со доказ за оправдано сомнение пред судството. Невладините организации предупредија дека овие промени може да ја претворат Македонија од држава во која владее правото во „полициска држава која не се грижи за основните човекови права и слободи“.

Во пракса, дури и постарата, построга легислатива не беше усвоена. На собраниската комисија за надзор на примената на техниките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана и беше забранет пристап до податоци и не издаде какви било извештаи во 2008.

Фондацијата Метаморфозис исто така придонесе за подигање на свеста кај носителите на одлуки и мислења, на пример, преку вклучување на сесии за заштита на податоците во агендата на Четвртата Меѓународна конференција е-Општество.Мк, инаку фокусирана на ИКТ во образованието.

Исто така, со цел да се подигне јавната свест, Метаморфозис формираше ад-хок коалиција на НВОи и други институции за одбележување на Денот „Слобода наместо страв“ во Македонија. Во рамките на „Слобода наместо страв“ кој коинцидираше со државниот празник 11 октомври – Денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори врз Македонија, беше организирана јавна дебата на Правниот факултет, дистрибуција на информации за видео надзорот во универзитетските кампуси и центарот на Скопје, беше поставен информативен штанд и се спроведе јавна анкета. Неколку илјади лица беа опфатени со овие активности, а повеќето граѓани изразија загриженост за различните начини на „шпионирање“ од Владата, корпорациите и поединците коишто ја загрозуваат нивната приватност.

Во текот на 2008, правните експерти и активисти за човекови права изразија загриженост за зачестената примена на мерката притвор и нарушувањето на приватноста и пресумпцијата на невиност. Македонскиот Хелсиншки комитет и Проектот за човекови права постојано ги осудуваа спектакуларните апсења од страна на полицијата, при кои се покануваа медиумите да ги снимаат осомничените со лисици и во придружба на полицајци. Само една телевизиска станица со национална концесија, ТВ Телма, усвои политика повеќе да не пренесува такви апсења и превоз на осомничени со полициска придружба.

Барајќи промена во легислативата, на 25 ноември, 2008, Хелсиншкиот комитет исто така организираше јавна дебата за реалните очекувања во поглед на заштитата на приватноста наспроти ефикасноста во борбата против криминалот и корупцијата во држава со закони. Сепак, државните претставници не се појавија на дебатата да дадат аргументи што би ја намалиле загриженоста на претставниците од граѓанскиот и академскиот сектор.

Metamorphosis Foundation

International Conference e-Society.mk

Macedonia: Public outcry over new legislation for preventive surveillance

Freedom Not Fear in Macedonia (10-11.10.2008)

Debate on Privacy in Macedonia (26.08.2008)

Appellate court confirms: The Big Ear Journalists were wiretapped (2.09.2008)

Decree for enacting the Law for changing and amending the Law on Personal Data Protection (19.08.2008)

Fees ranging from 500 to 2000 Euros for unwanted spam-messages (29.08.2008)


Debate on Privacy in Macedonia, Metamorphosis Foundation (29.09.2008)

Directorate of Data Protection in Macedonia – Legal grounds for the protection of personal data in the national legislation

Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia

Human Rights Support Project

 

Извор: ЕДРИ-грам „Macedonia: Privacy Developments in 2008" бр. 7.2, 28 јануари, 2009.