Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ на 25-ти и 26-ти септември 2010 година, за прв пат ќе организира ИКТ студентски олимписки игри.

Овој настан е еден вид на мега конкурс за вработување на кој во повеќе дисциплини ќе се натпреваруваат студенти од речиси сите високо образовни институции кои продуцираат кадри за потребите на ИКТ индустријата во Македонија.

Натпреварот е организиран од страна на работодавачите од ИКТ индустријата со безрезервна поддршка од образовните институции. Една од целите на настанот е да се привлечат најдобрите студенти и преку фер и објективни тестирања да се констатира кои се најдобрите меѓу нив. Настанот, меѓу другото,  има цел да им понуди можност за вработување на најдобрите студенти. Конечно, овој настан е замислен за да помогне во решавањето на отворените прашања кои постојат помеѓу индустријата и академијата и истиот ќе влијае во прилагодување на курикулумите во согласност со барањата на пазарот.  

Дисциплини

Според првичните согледувања на Работната група за едукација и развој на работна сила, дисциплините во кои ќе се врши проверка на знаењето се:

1.    Програмирање:
       a. Јаvа
       b..NET
       c. Embedded

2.    Компјутерски мрежи
3.    Бази на податоци
4.    Веб дизајн  
5.    Е-бизнис

Вкупен број натпреварувачи
250