На 6 март (вторник), 2012 од 11 до 15 часот во х. „Holiday Inn“, сала Милениум 1, Скопје ќе се одржи работна средба на тема: ШТО ИМА НОВО? Дискусија и консултација за препораки на НВО за унапредување на текстот и решенијата предвидени со Предлогот – Стратегија за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор (2012-2017) – верзии од 15 и 27 февруари, 2012.
Во фокусот на интерес ќе бидат тековните верзии на Предлог – Стратегијата за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор. Заклучоците и препораките ќе бидат доставени до Одделението за соработка при Генералниот секретаријат на Владата на РМ, како и до Националниот совет за евроинтеграции (кој одржа јавна расправа за Стратегијата на 27 февруари 2012) и Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Работната средба ќе се пренесува преку видео-стрим.