Македонскиот пребарувач Најди! понуди можност за пребарување на блоговите кои се пријавени на него

Македонскиот пребарувач Најди! понуди можност за увид во блоговите кои се пријавени на него. Блоговите се веб-сајтови слични на дневници каде што луѓето објавуваат размислувања или новости. Тие се лесни за користење и бесплатни. Блоговите се многу популарни, особено во Европа и САД, каде што има и дебата дали блогерите ќе бидат третирани како новинари.

Блог-агрегаторот е изведен како обично пребарување на сајтот. Друг македонски сајт што работи како блог-агрегатор е Македонската ГНУ/Линукс планета.

Некои од поистакнатите блогови кои ги индексира Најди! се оние на Ана-Марија Светозаров, Јован Петров, Ивица Антески, Сандра од 103ка, Букаро… како и колаборативните проекти, како оној на студентите по комуникации.