На 17 октомври 2005 граѓанската асоцијација „Мост“ го промовираше веб-сајтот www.pravo.org.mk. На сајтот можат да се најдат сите закони што ги донело и ќе ги донесе Собранието на Република Македонија. Освен закони, на овој интернет-портал граѓаните можат да најдат и анализи на закони што треба да бидат донесени во Собранието, содржи одлуки на Врховниот и на Уставниот суд и информации, односно новости за легислативата и меѓународни акти.
Моментално базата ги содржи сите закони донесени од страна на Собранието на Република Македонија во периодот од 1998 година до 2004 година.
Сајтот е дел од проектот „Правен ресурсен центар“, заеднички проект на „Мост“ и на Собранието на Република Македонија, а е финансиран од Шведскиот хелсиншки комитет за човекови права.