Регистрацијата за меѓународната конференција „Универзитетот и сајбер просторот: Преобразување на образовните институции според добата на вмрежување“ е отворена, со задоволство соопштија Центарот за интернет и општество NEXA при Политехничкиот институт во Торино и Центарот за интернет и општество Беркман при Универзитетот Харвард.

 
Оваа мулти-дисциплинарна конференција – којашто се одржува во контекст на КОМУНИЈА, Европската тематска мрежа за дигиталниот јавен домен, ќе се фокусира на начините на кои интернетот влијае на универзитетите како образовни институции.

Дискусиите ќе имаат за цел да ги посочат промените и прашањата со цел максимизирање на придобивките кои ги нудат технолошките достигнувања. Конференцијата ќе се одржи од 28 до 30 јуни, 2010 г. во главниот кампус на Политехничкиот институт во Торино, Италија.

Регистрирајте се овде.
Настанот е бесплатен и отворен за членовите на КОМУНИЈА и за пошироката јавност.

Три-дневната конференција ќе следи структура на матрица: лицата родени во дигиталното доба, информациската инфраструктура (еволуција на библиотеките, отворениот пристап, итн) и просторната (физичка и виртуелна) инфраструктура. Закажани се и три „хоризонтални“ пленарни сесии, осврнувајќи се на трите главни мисии на универзитетите: образование, истражување и граѓанската улога на универзитетите во рамките на општеството.

Присуството го потврдија следните говорници: проф. Стефано Родота (Универзитетот во Рим), писателот и футурист Брус Стерлинг, проф. Џон Палфри (Правен факултет при Харвард, автор на „Роден во дигиталното доба“, една од првите студии за „дигиталните домородци“), проф Џеф Хуанг (EPFL, архитект), проф. Тери Фишер (Правен факултет, Харвард). Конечната програма ќе биде достапна во почетокот на јуни.

Со институционалното финансирање ќе се овозможи да присуствува и пошироката јавност, но просторот е сепак ограничен и потребно е претходно регистрирање.

За повеќе информации или прашања, контактирајте со секретаријатот на конференцијата.