Metamorphosis e-Bilten #9 – Maj 2007
|
||||
Вовед: Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс
Македонија ќе се приклучи на светското движење во поддржувањето на слободната култура преку промоција на лиценците Криејтив комонс локализирани на македонски јазик. На 19 јуни 2007 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје ќе се одржи официјалното претставување на македонската верзија на лиценците. Специјален гостин на настанот ќе биде Јоичи Ито, претседавач на управниот одбор на Криејтив комонс и член на управните одбори на ИКАНН, Фондацијата Мозила, Технорати и ајКомонс. Од името на Фондацијата Метаморфозис ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да присуствувате на овој настан кој претставува огромен исчекор во македонската култура и промоција на креативните авторски содржини. Николче Мицкоски, програмски асистент Вести: Македонија
Вести: Свет
Активности на Фондацијата Метаморфозис
Најави на настани
Термин на месецот: Јоичи Ито Совет на месецот: Направете свој „Авто-одговор“ Ако планирате подолго време да бидете отсутни од вашиот компјутер (одите на годишен одмор, на службено патување и сл.) тогаш можете да пратите „Авто-одговор“ на сите кои ќе ви пишат и ќе им соопштите дека ќе бидете отсутни. Еве што треба да направите за да поставите автоматски одговор во клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird. Отворете го Mozilla Thunderbird, и кликнете на иконата „Write“да креирате нова порака. Потоа напишете ја вашата „авто-одговор“ порака онака како што секогаш пишувате пораки. Пота, кликнете на „Save“и одберете „Template“ за да биде снимена во папката за шаблони. Сега, одете во „Tools“ „Message Filters“ и кликнете на копчето „New“. Одберете име на филтерот (на пример „одговор за одмор“ или „автоматски договор“) и изберете ја опцијата „Match any of the following“. Под него, употребете го паѓачкото мени за да го одберете полето „To“ и полето „contains” и впишете го знакот @ во третото поле. Потоа, од листата „Perform these actions“, одберете „Reply with Template“ и одберете го шаблонот „Auto Reply“ што го креиравте. Кликнете на „ОК“. Правилото за пораки ќе се појави во вашата листа за филтри. Ако веќе имате некои постоечки филтри, погрижете се да го поставите овој филтер на почеток. Штом сте готови со сите дотерувања, затворете го прозорецот и подготвени сте да го оставите компјутерот. Апликација на месецот: Google Docs Google Docs е одлична апликација ако сакате да работите на вашите документи онлајн. Лесно можете да ги користите основните функции, вклучувајќи и нумерирани листи и листи со точки, сортирање во колони, додавање табели, слики, коментари, формули, промена на фонтови… Исто така, можете да изберете кој може да пристапи до вашите документи и сè што треба да направите е да ги внесете адресите за е-пошта на сите со кои сакате да го споделите документот и да им испратите покана. Секој кој сте го поканиле да го погледне или уреди документот, ќе може да го направи тоа веднаш штом се најави. Исто така, повеќе луѓе можат да гледаат и да прават промени во ист документ во исто време, а ревизиите на документот точно ви покажуваат кој што променил и кога ја направил промената. Препорачани линкови
Издавач: Фондација Метаморфозис, ул. Наум Наумовски Борче 88а, 1000 Скопје. Тел. +389(0)2 3109 325, факс +389(0)2 3225 206. |
||||
|
||||
Intro: Official promotion of Macedonian version of Creative Commons licenses Macedonia will join worldwide movement for free culture with promotion of the Creative Commons licenses localized in Macedonian language. Official launching ceremony of Macedonian version of the licenses will be organized in Holliday Inn Hotel in Skopje on June 19, 2007. Special guest at the event is Mr. Joichi Ito chairman of the board of Creative Commons and the chairman of Six Apart Japan. He is on the board of ICANN, the Mozilla Foundation, Technorati, and iCommons. On behalf of Metamorphosis Foundation I have the honor to invite you to attend the event that presents step forward in Macedonian culture and promotion of creative content. Nikolce Mickoski, program assistant, News: Macedonia
News: World
Activities of Metamorphosis Foundation
Announcements of Events
Word of the Month: Joichi Ito Tip of the month:Create Your Own Auto Reply If you are planning to be absent from your computer for long time (going on vacation or businees trip) you can send auto reply to all the people who will send e-mails to you telling them that you will be absent. The following steps will help you to set your auto reply in Mozilla Thinderbird e-mail client. Open the Mozilla Thunderbird and click on the Write icon to create a new message. Then write your auto reply message just like you normally would write an e-mail. Next, click Save and choose so it will be saved in your templates folder. Now, go to Tools, Message Filters and click on the New button. Choose a filter name (for example, “vacation response” or “auto reply”) and check the option of “Match any of the following.” Below that, use the drop down menus to choose “To” in the first box, “contains” in the second box and then type @ (the at sign) in the third box. Now, under the “Perform these actions” list, choose “Reply with Template” and choose the Auto Reply template that you created. Click OK. The message rule will then show up under your filter list. If you have other filters already in place, make sure you move this one up to the very first spot. This will ensure that it will be sent out to anyone who e-mails you while you”re on vacation. Once you”re done with all that, just close out the window and you”ll be all set. Application of the Month: Google Docs Google Docs is great application if you want to work on your documents online. You can easily do all the basics, including making bulleted lists, sorting by columns, adding tables, images, comments, formulas, changing fonts… You can choose who can access your documents and all you have to do is to enter the email addresses of the people with whom you want to share a given file and send them an invitation. Anyone you”ve invited to either edit or view your document can access it as soon as they sign in. In addition, multiple people can view and make changes at the same time and document revisions show you exactly who changed what, and when. Recommended links
Published by Metamorphosis Foundation. ul. Naum Naumovski Borche 88-a, 1000 Skopje. Tel. +389(0)2 3109 325, fax +389(0)2 3225 206. |
||||
Сподели:
Останати блог текстови
Истражувањето за дезинформациите и граѓанското општество ги потенцира големите демократски предизвици низ Европа
05.09.2024
TechSoup, преку својата програма за дигитален активизам, објави четири сеопфатни извештаи за регионално мапирање кои ги осветлуваат критичките предизвици и итните потреби на граѓанските организации низ Европа. Развиени со заеднички напори преку мрежата на партнери на TechSoup низ Централна и Источна Европа, овие извештаи обезбедуваат детален преглед на итните прашања со кои се соочуваат граѓанските […]
Наша летна препорака за читање
29.07.2024
Кога се работи за летно читање повеќето би избрале лесни забавни содржини, но за оние кои се заинтересрани за нешто подлабоко имаме одлична препорака. „Миражот на вистината: комплексности и предизвици на дезинформациите во Западен Балкан“ е совршена лектира за оние кои сакаат да дознаат повеќе за пејсажот на дезинформациите во регионот. Публикацијата опфаќа теми како: […]
Мизогинија со еден клик
02.07.2024
Превод од германски јазик. Оргиналниот текст е достапен на следниот линк: Info Europa 2/2024 – “Navigieren durch die Datenflut” – IDM Клеветата и говорот на омраза се широко распространети на социјалните мрежи. Маргинализираните групи се особено често погодени од нив. Мила Јосифовска Даниловска и Деспина Ковачевска известуваат за родово базиран говор на омраза на интернет […]
Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе
02.12.2023
Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]
КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?
14.11.2023
Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]
Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк
13.11.2023
Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]