Порталот за млади од Македонија – www.mladiinfo.com е избран за еден од петте најдобри портали во светот во категоријата „Образование за сите“ во рамки на Наградата на Светскиот самит (НСС) за информатичко општество за млади.

Млади инфо го доби ова признание во конкуренција од вкупно 622 веб страници од 101 земја од светот. Изборот беше направен во три етапи, а го правеше стручно меѓународно жири составено од дваесет реномирани експерти од оваа област .

Официјалнато признание на Млади инфо ќе му биде доделено за време на Глобалниот форум за Информациско-комуникациски технологии и развој на Обединетите нации кој ќе се одржи во Монтереј, Мексико од 10 до 13 Јуни 2009 година.