Експертите за безбедност предупредуваат: мобилните телефони од последната генерација се ранливи!

Експертите за безбедност предупредуваат: мобилните телефони од последната генерација се ранливи!

Експертите додаваат дека во софтверот постојат дупки кои им дозволуваат на хакерите да влезат во именикот на мобилниот телефон од друго место, па дури и да ги прислушуваат разговорите.

Овие предупредувања се објавени на меѓународната конференција за безбедност на компјутерите што се одржува во главниот град на Малезија, Куала Лумпур. На делегатите ќе им бидат презентирани пропустите во Јава софтверот (Java 2 Micro edition) којшто го заеднички го развија Сан Мајкросистемс (Sun Microsystems), Нокиа (Nokia), Сони Ериксон (Sony Ericsson) и Моторола (Motorola). Овој софтвер е инсталиран во последните модели на овие производители.

Експертите сметаат дека пропустот е во начинот на кој Јава се обидува да спречи софтверот да добива команди однадвор.