Во третата епизода од подкастот СајберШтит, разговараме за тоа како технологијата може да се користи за добро – за хуманост, инклузија и охрабрување на жените во ИТ. 🎙️ Наша гостинка е Моника Ризовска Таневска– ко-основачка на Ways2Help и амбасадорка на Women in Tech Macedonia. Заедно истражуваме: ✅ Како дигиталните алатки им помагаат на ранливите групи ✅ Зошто е важно жените да бидат дел од технолошкиот сектор ✅ Како да градиме побезбеден интернет за младите девојки