Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатичките технологии
Во новата ера, лидери (земји, региони, компании и индивидуи) ќе бидат оние кои благовремено ќе донесат исправни одлуки базирани на длабоко разбирање на комплексните трендови на информатичките и комуникациските технологии. Оние кои тоа нема да го сторат ризикуваат да останат на маргините на светскиот развој.
Ако сака да биде вклучена во глобалната вмрежена економија и да го држи чекорот со развиените земји, Република Македонија мора да се развива во насока на информатичко општество. За да се постигне тоа, мора да постои партнерство помеѓу Владата, граѓанскиот и бизнис-секторот.
Како резултат на таквото партнерство, во 2005 година беше изработена и со широк конзензус прифатена Националната стратегија за развој на информатичкото општество заедно со акцискиот план за нејзино спроведување. Следен чекор кон развојот на информатичкото општество е донесувањето на Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии која ќе претставува основен документ кој ќе ја дефинира инфраструктурата на информатичките и комуникациските технологии.
Според Законот за електронски комуникации, Националната стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии ја изработува Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. За таа цел е оформена работна група во која членуваат претставници на Министерството за транспорт и врски, единиците на локална самоуправа, бизнис-секторот, граѓанскиот сектор, регулаторните тела и др.
Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии ќе ги дефинира мерките кои се однесуваат на основната инфраструктурна подлога за информатичкото општество, која е неопходна за да се воведат и да се развиваат основните постулати на информатичкото општество (е-владеење, е-образование, е-бизнис, и др.), а крајна цел на оваа стратегија е она кон кое сите се стремиме – подобрувањето на квалитетот на животот во Македонија.
Двете стратегии, Националната стратегија за развој на информатичкото општество и Национална стратегија за развој на електронските комуникации и информатички технологии, ќе бидат основа за изготвување стратегии кои подобро ќе ги дефинираат сите аспекти на информатичкото општество во Македонија.
Работната група, во чијашто работа учествуваат и претставници на Фондацијата Метаморфозис, ќе ја заврши нацрт-верзијата на 28 февруари, а веќе од 1 март текстот ќе биде достапен за пошироката јавност и преку конструктивна јавна расправа треба да се добие квалитетна стратегија којашто Парламентот на Република Македонија на предлог од Владата ќе треба да ја официјализира.
Николче Мицкоски
Сподели:
Останати блог текстови
"Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата" - Новинска агенција Мета.мк
29.03.2023
Фото: Архива на Мета.мк Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат […]
"Шемата на лажните дојави за бомби: 905 закани, oсум градови, 76 електронски адреси [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
28.03.2023
Фото: Мета.мк Пишуваат: Мери Јордановска и Антонија Поповска Осум градови, вкупно 905 лажни дојави за бомби, од кои 876 биле во основни и во средни училишта. Речиси третина од дојавите се случиле во среда, а најретко дојави имало во понеделник. Февруари бил месец на најмногу дојави – само пет дена во текот на училишната […]
"Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]" - Новинска агенција Мета.мк
27.03.2023
Електронски извод од матична книга на родените, фотографија од Pixabay, обработена од Portalb.mk Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на […]
Неодамнешно гледиште во поглед на сајбербезбедноста во Западен Балкан: Како можеме да го подобриме нивото на сајбербезбедност во регионот?
24.02.2023
Дигитализацијата и сајбербезбедноста се некои од поактуелните теми во Западен Балкан (ЗБ). Целиот регион официјално ја покажа својата посветеност кон дигитализацијата како процес во 2018 година со преземање на Дигиталната агенда за Западен Балкан, директно поддржана од Европската комисија. Еден од четирите столба на Дигиталната агенда за Западен Балкан е зголемување на сајбербезбедноста, довербата и […]
Што е дигитален идентитет и зошто ни е потребен?
14.02.2023
Забрзаниот напредок на технологијата го истакна нејзиното огромно влијание врз нашиот секојдневен живот во смисла на обезбедување брзи решенија што се лесни за употреба во поглед на нашите потреби. Тој влијаеше и врз начинот на кој го гледаме светот и се развиваме како општество, но и како и поединци. Владите ги прифатија процесите на дигитализација […]
„Иднината на масовниот надзор во Србија? – Global Voices
09.02.2023
Од 2019 година, српските организации за дигитални права предупредуваат против системот за надзор. Фотографија на м-р Ана Тоскиќ-Цветиновиќ, обезбедена од авторот и одобрена за употреба. Оваа статија е напишана од Ана Тоскиќ–Цветиновиќ, извршен директор на граѓанската организација Партнери за демократски промени на Србија, член на мрежата за зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда (ICEDA). […]