AEDH (Европската асоцијација за заштита на човековите права) и EDRI (Европски дигитални права) ја востановија Наградата на граѓанското општество за заштита на податоците во Европа (ECSDPA).
Целта е да се наградуваат позитивните иницијативи кои придонесуваат за видливоста и ефикасноста на правото на приватност и за заштитата на личните податоци во Европа. Наградата ECSDPA ќе се доделува секоја година на 28 јануари, како еден вид придонес на Европското граѓанско општество за Денот на заштита на податоците.
Таквите достигнувања и иницијативи треба да ја зголемат јавната свест, да стимулираат креативен и конструктивен придонес и да промовираат корисна размена на информации на кое било ниво, од локалното соседство до целиот европски континент.
Наградата е отворена за сите невладини организации, синдикати, непрофитни институции и други чинители од граѓанското општество од 47 земји-членки на Советот на Европа. Добитникот на наградата ECSDPA ќе добие еднонеделна обука за лобирање во Брисел, со целосно покриени патни трошоци и сместување.
Иницијативата ECSDPA, прва од ваков вид, е овозможена благодарение на поддршката од Истражувачката група за право, наука, технологија и општество при Универзитетот Врије во Брисел и фламанско-холандскиот Дом Дебурен.
Кликнете овде за повеќе информации околу наградата и процедурите за аплицирање и селекција.
Крајниот рок за поднесување на номинациите е 15 јануари, 2010 година. Истите треба да бидат испратени на: nominations@ecsdpa.org



