Соопштение на ГНП и Панос (Global Knowledge Partnership/Panos).
Доделување награди за „Напис за Информациско општество“, оганизирано од страна на „Global Knowledge Partnership“ и „Panos“, со цел да се охрабрат и интернационално да се препознаат иницијативите на земјите во развој, во своите напори да се развијат во „Информациски Општества“.
Следуваат четири награди од 2.000 долари, за публикувани дела (печатени медиуми, радио, ТВ или веб) на автори од земји во развој, кои се во согласност со опишаниот проект, во врска со новите инвестирачки иницијативи за анализирање на прашања од област на социјалното влијание на ИКТ (информациони и комуникациони технологии), особено на руралните и назадени подрачја, или извештаи за националните и глобалните стратегии на глобална комуникација.
Наградените дела ќе бидат прогласени на Светскиот самит за информациско општество (World Summit on the Informacion Society) во Женева, во Декември 2003.
Материјалите (клип, аудио/видео лента, транскрипција или веб решение) може да ги пратите на разгледување на: award@panoslondon.org.uk; или да го испратите преку пошта, адресирано до:
Kitty Warnock,
Panos Institut,
9 White Lion St,
London N1 9PD, UK.
Крен рок за поднесување: 15 Октомври 2003.
За дополнителни информации, обратете се до Kitty Warnock (kitty@panoslondon.org.uk)
Panos Institute претставува НВО која стимулира дебати за глобални развојни прашања, вклучувајќи и медиумски и комуникациони. Соработува со новинари од повеќе земји во развој. Има канцеларии во 11 земји.
„Global Knowledge Partnership (GKP)“ претставува мрежа на организации, на светско ниво, која има задача да го зголемува развојот на информационите и комуникациони технологии. GKP е најголемиот учесник во партнерството за развој на ИКТ (ICT4D) на глобално ниво, во кое спаѓаат и влади, агенции-донори, компании од приватниот сектор, цивилно општество и интернационални институции.
Инструкции и критериуми за учество:
- Учесниците мора да се жители на земјите во развој. („земји во развој“- според дефиниција на ОН).
- Поднесените дела може да бидат печатен материјал или вест на радио, ТВ, или online.
- Печатените и веб артикли може да содржат вести, извештаи, статии, анализи, интервјуа, мислења и воведни статии. Телевизиски материјали може да бидат дебати и програми во живо.
- Поднесените дела може да бидат стории или статии кои однесуваат на концептот –„информациско општество“, и неговото разбирање во сопсвената земја или регион. Сторијата може да биде фокусирана на било кој комуникационен медиум (од интернет до традиционални песни).
- Делото мора претходно да е публикувано или емитувано. Потребно е да се обезбеди доказ-исечок од весник, веб адреса или телевизиска програма ( детално презентирани-канал, време, дата, име на програмата).
- Видео материјалите треба да се поднесат во „PAL“ формат. Аудио материјалите, на касета или мп3 фајлови.
- Печатените и online матерјали, може да бидат на англиски, француски, шпански или португалски. Радио и аудио материјалите, кои не се на англиски, мора да содржат англиски превод.
- Во вашата апликација потребно е да ги дадете следните информации:
– Име
– Пол
– Вработување (пр. Бизнис репортер од „Zambia Daily News“)
– Поштенска адреса
– e-mail адреса
– Телефон - Да доставите придружно писмо (на англиски, француски, шпански или португалски) кое ќе содржи информации за медиумот во кој вашето дело е објавено (пр. национално или локално радио, весник).
- Доколку вашето дело е на оригинален јазик, не-европски, наначете го, и додајте некои информации за статусот и за корисниците на истиот.(пр. јазикот го користат xx луѓе, кои живеат во xxxx.)
- Назначете, кратко, некои други статии од комуникациони области во кои сакате да истражувате и известувате, за кои може да ја користите наградата, доколку ја добиете.
- Извештаи кои се овластени од Panos, не влегуваат во изборот.
Критериуми за селекција
- Ќе се вршат напори де се додели една награда на автор од Африка, една од Азија, и една од друг регион; се настојува да се награди барем една жена-автор. Но овие категории не се строго одредени.
- Се бара автор кој гради разбирање за важноста на развојот на комуникациите, и кој стимулира свесност за влијанието на националните и глобалните комуникациони стратегии врз развојот.