Добитниците на Европските награди за е-власт за 2009 година беа објавени денеска на министерската конференција за е-власт во Малме (Шведска).

Наградените проекти беа избрани поради нивниот иновативен придонес за зголемувањето на ефикасноста на јавните услуги преку употребата на дигитални технологии.

Добитници на наградите во соодветните категории се: Европската апликација Налог за нарачка (Австрија и Германија), Генвеј (Данска), eMarketplace на италијанската јавна администрација (Италија) и Лиценцирање на ловци преку мрежата од банкомати на „Multibanco“ (Португалија).

Коментирајќи околу објавувањето на наградите, Мехтилд Роен, шеф на единицата „ИКТ за Владата и јавните служби“ во Европската комисија, изјави: Овие награди се опиплив резултат на одличната работа завршена од локалните, регионалните и националните администрации во Европа, за олеснување на животот на граѓаните и бизнисите преку обезбедување на подобри јавни онлајн сервиси, кои се полесни за употреба. Европската комисија ги поддржува Наградите за е-власт уште од 2003 година.

Овогодинешниот настан е особено важен во контекст на посветеноста одредена од страна на министрите на ЕУ во Декларацијата на министри за е-власт објавена денеска во Малме, за обезбедување попристапни јавни онлајн сервиси, усогласени со потребите на корисниците.

Наградените проекти беа избрани од вкупно 52 финалисти од 17 европски земји. Проектите добија признание за нивните заложби за обезбедување на иновативни онлајн јавни сервиси во нивните земји како и преку границите.

Извор: eGov2009.se “Best online public services in Europe awarded today” 19 ноември, 2009.