На 19-ти мај 2012 г., со почеток во 12:00 часот во аудиториумот на училиштето „НОВА“ ќе говорат десетте најдобри говорници од клубовите на Модел Европски Парламент на 9 скопски средни училишта.
Темата на која учениците ќе говорат: Дали Европската Унија треба да го регулира интернетот – Дали ЕУ треба да ја усвои ACTA.
Гости говорници на настанот:
- Н.Е г-ѓа Marriët Schuurman, Aмбасадор на Кралството Холандија
- м-р Панче Кралев, Министер за образование и наука на Република Македонија
- Г-ѓа Венера Новаковска, Директорка на Меѓународното училиште „НОВА“
Доколку сакате да учествувате во настанот, пополнете го краткиот онлајн формулар.



