Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, на ден 15.04.2009 (среда) од 18 до 20 часот, во амфитеатарот на Факултетот, ќе имаат можност подобро да се запознаат со проектот Мозила, на настан организиран од „Слободен софтвер Македонија“.
На тој начин студентите ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења, стекнати на предавањата од областа на Интернет технологиите и Интернет програмирањето.
Во склоп на настанот предвидено е да се одржат две предавања/работилници:
- Техничко предавање: Firefox за веб програмери, отворени веб стандарди, прелистувач што е напишан според стандардите , HTML 5, новата структура за обработка на JavaScript, нови CSS можности;
- Предавање за крајните корисници: како да се користи web 2.0 во Firefox, демонстрација на отворени веб стандарди, интересни додатоци и можности.
Предавањата ќе ги водат: Сони Пирс, Арзел Јунзи и Грег Костенобл, сите од Франција, истакнати придонесувачи на Мозила проектот. Целта е да компјутерските корисници во Македонија добијат шанса одблизу да се запознаат со проектот Мозила и оние кои го работат да видат каде и како можат да ги употребат неговите производи со цел подобро да си ги завршат своите задачи.
Извор: www.feit.ukim.edu.mk „Предавање и работилници за проектот Мозила“ 13 април, 2009.



