На 25-ти и 26-ти септември, 2007 г., во Скопје ќе се одржи работилница за е-владеење на Иницијативата еСЕЕ на Пактот за стабилност. Со оваа работилница ќе се обезбеди место за соработка каде високите претставници за е-владеење од Иницијативата еСЕЕ ќе можат да вршат активна размена на знаења и искуства со официјалните претставници од регионот, владите со напредни програми за е-владеење, како и со клучни заинтересирани страни од Центарот за е-владеење.

Во оваа работилница ќе учествуваат високи претставници на тимовите за е-владеење од учесниците во еСЕЕ, предводени од соодветни „Менаџери на ИКТ сектори”, како и високи раководни лица од канцелариите на Премиерот, министерствата за информатичко општество или внатрешни работи (е-владеење или е-демократија); образование (е-образование), финансии (е-набавки или е-царина), и економија (е-трговија, е-бизнис, или е-царина).

Дополнително, меѓу учесниците ќе бидат и соодветните е-пратеници од Иницијативата еСЕЕ на Пактот за стабилност и работната група бСЕЕ, како и  претседавачите.

Во текот на работилницата сите е-тимови ќе треба да се осврнат на:

• најважните услови за е-владеење во нивниот регион
• актуелната состојба на ова прашање во секоја од земјите
• идните можности за секоја од земјите и регионот
• програми или донатори кои работат во конкретната област
• следните чекори