Четвртиот по ред симпозиум на вики ќе се одржи во Порто, Португалија во периодот од 8 до 10 септември. WikiSym е најистакнатата конференција посветена на користење, развивање и истражување на вики.

WikiSym 2008 има за цел да ја истражува и проширува вики заедницата, спојувајќи ги истражувачите, практичарите, писателите и научниците за да дискутираат и да споделуваат знаење и искуства на сите полиња поврзани со вики и вики филозофијата, од општествени до технички, од основни до напредни студии.

Лого на конференцијата WikiSym 2008

Симпозиумот нуди доволно простор за дискусии за работи кои сега се развиваат, демонстрации, точно испитувани научни трудови, туториали и неформални сесии на OpenSpace и WikiFest.

Од симпозиумот ги охрабруваат сите они кои користат вики, кои се вклучени во вики истражувања и развој да придонесат во WikiSym 2008.

Програмата на симпозиумот може да ја погледнете на овој линк.

Извор: Сајтот на WikiSym 2008