Во склоп на проектот за изготвување на Национална стратегија за развој на информатичкото општество во РМ, на 7 март 2005 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи јавна дебата со претставници на медиумите

        Во склоп на проектот за изготвување на Национална стратегија за развој на информатичкото општество во РМ, на 7 март 2005 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи јавна дебата на која ќе учествуваат претставници на медиумите во Македонија.

        Организатор на јавната дебата е Комисијата за информатичка технологија при Владата на Република Македонија.

        Нацрт-верзијата на Националната стратегија за развој на информатичко општество може да се преземе од веб-сајтот на Комисијата за информатичка технологија.

        Покровители на јавната дебата се Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), а модератор Јулија Пишпецки. Свои презентации на дебатата ќе имаат Јани Макрадули и Дарко Перушевски.

        Програма:

Тема Личност
Воведни обраќања Фроде Мауринг, Постојан претставник на Програмата за развој на ОН
Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ
Претставување на Политиката за Информатичко општество, Стратегијата и Акциониот план Јани Макрадули, Претседател на Комисијата за информатичка технологија
Улогата на медиумите во развојот и изградбата на информатичко општество на Македонија 2005-2007 Дарко Перушевски, Директор на А1, член на Националниот Task Force за информатичко општество
Дискусија
Заклучоци 
Коктел