На 8 ноември 2005 година во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 11 часот ќе се одржи јавната трибина на тема „е-Образование“.
Трибината се одржува во рамките на Меѓународната конференција „е-Општество.Мк“, која се одвива според Националната стратегија за информатичко општество, како дел од напорите за задоволување на приоритетната потреба за подигање на јавната свест и зголемување на знаењата преку излагања на интернационални и домашни експерти.
На трибината воведни излагања ќе имаат:
• г. Кристијан Мелер – експерт, канцеларија на Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите
• г. Замир Дика – проректор за настава на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово
• г. Зоран Бојаровски – заменик-главен уредник на Форум плус, предавач во МИМ
• г. Гоце Арменски – Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на информатичко општество и асистент, Институт за информатика, ПМФ, Скопје
Трибината ќе ја модерира д-р Марјан Гушев, член на УО на Фондацијата Метаморфозис и професор на Институтот за информатика при ПМФ, Скопје.
За повеќе информации посетете го сајтот www.e-society.org.mk.