На прво место се најдоа попап (pop-up) прозорците, а веднаш зад нив е спорото вчитување…
Јакоб Нилсен, човекот кој се залага за што поголема функционалност на веб сајтовите, ги објави резултатите од анкетата на тема кои техники на веб огласување и рекламирање најмногу ги нервираат корисниците. Нималку изненадувачки, на прво место се најдоа попап (pop-up) прозорците, а веднаш зад нив е спорото вчитување.
Анкетираните одговарале со „негативно“ или „многу негативно“ на неколку понудени опции за огласување и рекламирање, како на пример: нема на копче за затворање, се движи наоколу, автоматски емитува звук и други. Резултатите се добиени од 605 анкетирани во 2004г.
Тој советува дека иако корисниците во принцип не сакаат многу огласи и реклами, корисно би било секој оглас или реклама да има индикатор за неговаат намена, јасно да дава информација околу тоа што го рекламира, да дава дополнителни информации без да треба да се оди на друг сајт и др.