Според податоците за раширеноста и можното влијание софтверската компанија Вебрут направи ранг листа на најопасните шпиунски и рекламни пораки
Според податоците за раширеноста и можното влијание софтверската компанија Вебрут (Webroot) направи ранг листа на најопасните шпиунски (spyware) и рекламни (adwarе) пораки. На листата се наоѓаат десет програми и опис што можат тие да предизвикаат. Тука е Пјурити скен (PurityScan), програма што отвора прозорци со рекламни огласи и се обидува да ги наговори корисниците да ја инсталираат наведувајќи дека ќе ги исчисти сите порнографски содржини што се наоѓаат а нивните компјутери. Исто така, на листата се наоѓа и Перфект килогер (Perfect Keylogger) којашто ги следи сите сајтови што ги посетува корисникот, а исто така ја снима и работата на тастатурата и глувчето.