Во склоп на програмата која произлезе од француското претседавање со Европската унија, наречена „Направете Европа да има смисла : фер и одговорно“, Coordination SUD, националната платформа на француските интернационални невладини организации за солидарност, организира натпревар во новинарство и карикатури на тема „Светските гледишта за Европа“, во партнерство со RFI, TV5 World, асоцијацијата „Карикатури за мир“, спроведуван од францускиот карикатурист Плант.

Целта на овој натпревар е да се соберат написи и карикатури преку покана на млади луѓе, кои живеат надвор од ЕУ, за споделување на своите перцепции за Европа за да се збогатат размислувањата и дебатите за иднината на Европскиот проект.

Победниците ќе бидат поканети да учествуваат на интернационалната конференција организирана од Coordination SUD на 30ти октомври, со повеќе од 80 невладини организации, а ќе имаат можност и да се запознаат со европските институции во Брисел, особено Европскиот парламент, Европскиот комитет и претставниците на земјите-членки.

Натпреварот е започнат од ограноците на RFI во Африка, Латинска Америка и Азија, во партнерство со TV5 Monde и „Карикатури за мир“.

Ве молиме испратете ги вашите написи и карикатури пред 5ти септември 2008 на concours.europe@rfi.fr .

Повеќе информации за натпреварот и програмата на Coordination SUD може да најдете на сајтовите www.europe-solidairesponsable.org или www.europe-fairesponsible.org.

 Извор: Radio France Internacionale