Според веста што ја објави Мајкрософт, во вторникот 10. февруари 2004 година, дел од изворниот код на Виндоус 2000 и NT 4.0 бил илегално објавен на Интернет.
Мајкрософт многу сериозно го сфаќа овој престап и спроведува истрага за пронаоѓање на лицата кои тоа го сториле.
Мајкрософт објавува дека досега нема негативни последици, но ќе ја следи ситуацијата и понатаму.
Објавувањето на изворниот код од овие производи може да доведе до развој на апликации кои би можеле сериозно да им наштетат на корисниците на истите.