Хостираните збирки од ИТ-апликации базирани на слободен софтвер ќе го олесни користењето на овој вид софтвер од страна на јавната администрација, вели Брит Ингер Колсет, координатор за SuksIt во Норвешка, ИТ проект на седум општини во регионот Конгсберг. „Хостираните апликации базирани на слободен софтвер се многу исплатливи“.
Минатата година SuksIt помогна да се основа Friprogforeningen (здружение за слободен софтвер), организација која има за цел да развива и да управува со слободен софтвер за употреба од страна на јавната администрација.
Friprogforeningen размислува да им понуди на општините во Норвешка неколку апликации базирани на слободен софтвер на овој начин, меѓу кои и пакетот за раководење со проекти Redmine, Limesurvey – за управување со истражувања преку интернет и алатката за управување со редослед на печатење Bifrost. Ингер: „хостирањето на овие апликации е нешто што комерцијалните даватели на ИТ-услуги треба да го земат предвид. Хостирањето им олеснува на малите јавни администрации да се префрлат на алатки базирани на слободен софтвер“.
Friprogforeningen веќе го хостира Frikomport – еден од најуспешните проекти за слободен софтвер во Норвешка. Оваа алатка за управување со курсеви на интернет базирана на слободен софтвер и развиена од регионот Конгсберг, сега се користи од околу седумдесет општини, универзитети и други организации во земјата, изјави Брит Ингер минатиот четврток во текот на презентацијата што ја одржа на Светската конференција за слободен софтвер во Гранада, Шпанија.
Кодот на Frikomport е ставен на располагање како отворен код, со користење на лиценцата GPL. Но организациите претпочитаат да ја користат верзијата хостирана на интернет, вели Ингер. „Хостираната верзија носи многу ниски трошоци, 750 евра годишно“.
Одржливост
Колку повеќе општини ќе се вклучат во користењето и развојот на вакви алатки, толку повеќе ќе се намалат трошоците, објасни Ингер минатата недела. „Споделувањето на трошоците за развој е многу важен мотив за нашата заедница од општини. Еден програмер ќе нè чини околу 115 евра од час. Со споделување меѓу шеесет општини, овие трошоци се сведуваат на само 2 евра од час. Ова не би било можно ако немаме одржлива заедница“.
Пристапот на регионот Конгсберг да соработува во развојот на Frikomport беше еден од примерите на работилницата во четвртокот за тоа како јавните администрации можат да соработуваат со заедниците за слободен софтвер. Работилницата ја организираше програмата ISA (Решенија за интероперабилност за европските јавни администрации) на Европската комисија.
Извор: Joinup „Hosting makes open source easier for public administrations“ 16 јануари, 2012.



