Неодамна во Холандија и Обединетото Кралство беа преземени иницијативи за поттикнување на промовирањето на содржини со отворена лиценца во владините проекти.
На 31 март, 2010 г. владата на Холандија го стартуваше веб-сајтот Rijksoverheid.nl, единствен веб-сајт за комуникации за сите холандски министерства, сторено, обврзувајќи се да промовира отворена размена на информации од јавниот сектор. Содржината е достапна под лиценцата Криејтив комонс нула (CC0). Во моментов на веб-сајтот се активни 5 министерства, а останатите ќе се додаваат во текот на годинава. Ова се базира на претходните истражувања спроведени од Институтот за информатичко право – IViR за користење на лиценците Криејтив комонс лиценците за информации од јавниот сектор.
Друг позитивен развој на настаните од аспект на користењето на отворените содржини има во Велика Британија. За прв пат во своите 260 години постоење, Ordnance Survey, националнaта агенција за мапирање на Обединетото Кралство, сега нуди можност за преземање на мапи со размер со 1:10.000, собирање на список со локации што се појавуваат на мапи со размер 1:50.000 или можност бесплатно да се добие систем за конвертирање на поштенските кодови на мапа, за лична или комерцијална употреба. Иницијативата наречена OpenData стартуваше на 1 април, 2010 година.
Џон Денам изјави дека иницијативата „покажува дека Обединетото Кралство е на прагот на дигитална револуција“. Потегот за ослободување на јавните податоци поттикнува ново размислување – луѓето повторно да користат информации на различни и покреативни начини отколку што можеби првобитно биле наменети за зголемување на пристапот до податоци на Ordnance Survey со што ќе се привлече нов бран на претприемачи и што ќе резултира со нови решенија за старите проблеми, од кои сите ќе имаат полза. Тоа исто така ќе поттикне нова индустрија, создавање на нови работни места, како и раст во иднина“.
Досега, освен за мал број експериментални апликации, за секој податок од мапите мораше да се плати. Промена доаѓа по долг период на лобирање, на чело со Сер Тим Бернерс-Ли за промоција на отворени податоци од страна на британската влада.
Лиценцните услови за мапите се отстранети, новите мапи сега се нудат под компатибилна Криејтив комонс лиценца со која е потребно само да се наведе изворот.
„Наша заедничка цел беше да обезбедиме дека лиценцните услови за OpenDataTM ќе кореспондираат со оние на data.gov.uk и дека овие услови се во согласност со заложбата на владата да се воспостави заедничка лиценца за повторна употреба на податоците, којашто е интероперабилна со меѓународно признаениот модел на Криејтив комонс“, се вели во соопштението на Британскиот завод за информации од јавниот сектор, објавено на блогот PerSpectIve.
- New Dutch government portal uses CC0 public domain waiver as default copyright status (31.03.2010)
- Dutch National Government
- Ordnance Survey launches free downloadable maps (1.04.2010)
- Licensing and data.gov.uk – further developments (1.04.2010)
- IViR: Creative commons licensing for public sector information Opportunities and pitfalls (01.2008)
Извор: ЕДРИ-грам „New governmental usage of open licences in the Netherlands and UK“ бр.8.7, 7 април, 2010.



