Овој курс (12-17 јули, 2009) е наменет за секој што сака да го подобри својот веб-сајт, да ја зголеми видливоста на интернет како и бројот на читатели.

За време на интензивниот петдневен курс во организација на чешката организација „TOL“, ќе научите сè што треба да знаете за техниките на новите медиуми и алатки – блогови, подкаст содржини, видеозаписи, портали за социјално вмрежување, РСС фидови, промоција на интернет, Твитер и многу повеќе.

Ќе се направи осврт на тоа како медиумските компании и непрофитните организации добиваат нови посетители на нивните сајтови користејќи сè, од социјални мрежи и Твитер до блогови, подкастови и видеозаписи. Курсот исто така ќе се осврне на промоцијата на интернет – како да го рекламирате Вашиот веб-сајт, да формирате публика и да им ја пренесете вашата порака на вашите читатели.

Секој ден ќе биде поделен на два дела: утрински сесии фокусирани на тековните трендови и најдобри практики, како и практични попладневни работилници кои овозможуваат активна обука за алатките за кои се дискутира во утринските сесии.

Што ќе научите?

  • Моќта на мултимедијалните содржини – зошто треба да додавате фотографии, видео и аудио на вашиот веб-сајт. И како да го направите тоа.
  • Денешната медиумска средина и тековните трендови – поглед кон традиционалните медиуми и проблемите со кои се соочуваат издавачите и новинарите, важноста на изборот на соодветниот систем за управување со содржини, нови опции за дистрибуција и можностите во новите медиуми.
  • Најдобри практики во промоцијата на интернет – како да користите нови медиуми за да го проширите вашиот профил и да допрете до илјадници, можеби и милиони луѓе.
  • Најновите настани во сферата на блогирањето – влијанието на блоговите врз медиумската индустрија, нивното општествено и политичко влијание, како и студии на случаи за успешни блогови.
  • Изградба на заедници на интернет – Зошто заедниците се важни, како на најдобар начин да ги искористите заложбите на заедниците, да распространите вести и информации преку порталите за социјално вмрежување, и студии на случаи на успешни онлајн заедници.
  • Собирање на информации и визуелизација – како да собирате податоци и да ги презентирате на многу подобар начин, трансформирајќи написи со „нормален текст“ во информативни, мултимедијални пакети.
  • Поглед во иднината на медиумите – Нови бизнис модели, нови модели за креирање на содржини, начини за ангажирање на заедниците, влијанието на Гугл и Фејсбук, иднината на интегрираната новинска редакција, и прашања од областа на кредибилитет и доверба.

   

Извор: TOL.cz “New media essentials, July 2009”