Групата за човекови права „Новинари без граници“ (Reporters Without Borders) објави листа на 13 „непријатели на интернетот“. Листата се состои од земји за коишто „Новинари без граници“ смета дека ја потиснуваат слободата на изразување на интернетот

Групата за човекови права „Новинари без граници“ (Reporters Without Borders) објави листа на 13 „непријатели на интернетот“. Листата се состои од земји за коишто „Новинари без граници“ смета дека ја потиснуваат слободата на изразување на интернетот.

„Новинари без граници“ го критикуваше и интернет-пребарувачот „Јаху“ (Yahoo) како и некои други компании коишто им помагаат на властите во Кина во блокирањето на пристапот до некои материјали објавени на интернет.

Црната листа се објавува секоја година, но оваа година за првпат беше организиран 24-часовен онлајн протест каде што интернет-корисниците можеа да гласаат за најлошите земји.

Следи листата на 13 непријатели на интернетот објавена од „Новинари без граници“ (подредени по азбучен ред):

  • Белорусија
  • Бурма
  • Виетнам
  • Египет
  • Иран
  • Кина
  • Куба
  • Саудиска Арабија
  • Северна Кореја
  • Сирија
  • Тунис
  • Туркменистан
  • Узбекистан