Новиот мрежен сервис на компанијата Google, наречен Google Buzz наиде на критики и збунетост од корисниците кои се пожалија дека на нивниот профил се појавил список од луѓе на кои тие често им испраќале е-пошта или со кои разговараат преку интернет .
Проблемот се појави поради стандардните опции при создавањето на профилот кога автоматски се внесува соодветната листа од Gmail и Google чет. Со цел да се избегне објавување на соодветната листа на профилот, корисникот треба да ја избере соодветната опција или сам да ја уреди листата.
“Google се обиде брзо да го стартува проектот Buzz со внесување на списоците составени од неговите успешни сервиси Gmail и Gchat. Иако ова може да помогне Buzz да расте и да им заштеди на корисниците време за внесување на сите нивни контакти, тоа исто така носи опасност од ненамерно откривање на приватни информации“, коментираше адвокатот на EFF, Курт Опса.
Ерик Шмит, главниот извршен директор на Google, реагираше на критиките на корисниците, наведувајќи дека проблемот се јавил како резултат на конфузија и несоодветно известување. „Според мене, проблемот се јави поради несоодветното известување за Google Buzz и приватноста во рамки на сервисот. Имаше голема збунетост кога сервисот беше објавен во вторникот, а луѓето мислеа дека ние на некој начин ги објавуваме нивните адреси и приватни информации, што не беше така (…), Мислам дека беше наша грешка што не известивме доволно добро, но важно е дека всушност немаше лоши работи, односно ничии лични информации не беа откриени“.
Оваа изјава е контрадикторна не само на изјавите на корисниците, туку контрадикторна и на изјавата на Продукт менаџерот за Buzz, Тод Џексон, кој на 16 февруари за BBC изјави дека компанијата „навистина многу жали“ и дека корисниците биле „оправдано вознемирени“.
Шмит сепак призна дека компанијата извршила некои промени, со цел да се справи со ситуацијата. „Од вторникот, извршивме неколку промени на производот кои всушност се фундаментални промени во начинот на кој првично се доживува Buzz, и сега наместо автоматски да ги следите сите, ви се нуди листа со можност да изберете кого сакате да следите и навистина експлицитно е објаснето дека не им се даваат информации на луѓето без да им ги дадете вие самите.
Protect Your Privacy on Google Buzz (12.02.2010)
http://www.eff.org/deeplinks/2010/02/protect-your-privacy-google-buzz
What’s the Buzz about? Studying user reactions (12.02.2010)
http://www.lightbluetouchpaper.org/2010/02/12/whats-the-buzz-about-stu…
Google boss says ‘nobody was harmed’ by Buzz debacle (17.02.2010)
http://www.guardian.co.uk/technology/2010/feb/17/google-buzz-schmidt
Извор: ЕДРИ-грам “New Google’s service raises privacy concerns” бр. 8.4, 24 февруари, 2010.



