Предложениот закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кој е пуштен во собраниска процедура, претставува чекор напред. Најголема полза од него ќе имаат новинарите, а доколку доследно се применува ќе значи потполно менување на начинот на работата на органите на државната управа, оцени вчера претседателот на Транспарентност Македонија, Зоран Јачев, на тркалезната маса посветена на законот и на неговото спроведување.
Јачев рече дека сепак постои можност од злоупотреба на рокот од 30 дена за давање на бараната информација, кој им се дава на институциите во законот.
Време