Во Истражувањето за иновативна настава и учење се опфатени нови земји, а програмата Партнери на Мајкрософт во учењето нуди нова алатка за да се овозможи секое училиште да го измери својот успех во предавањата за вештините од 21-от век.
Денес корпорацијата Мајкрософт ги објави првичните наоди од своето истражување за Иновативна настава и учење (ITL) спроведено во повеќе земји, кое покажува дека студентите можат на училиште да ги добијат вештините кои им се потребни за работа и живот во 21 век, но во пракса ретко го прават тоа. Иако лидерите во образованието постојано апелираат за промена, образовните политики и системи во повеќето земји сè уште не обезбедуваат јасни дефиниции за вештините на 21-от век или насоки за наставниците околу тоа како да ги пренесуваат и да ги оценуваат овие вештини.
Оваа тековна студија, поддржана од програмата на Мајкрософт – Партнери во учењето, е дел од амбициозните меѓународни заложби за проценување на иновативните наставни пракси – како што се студентското учење, проширувањето на учењето надвор од училницата и користењето на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во училницата – и нивниот ефект врз тоа колку учениците демонстрираат вештини како што се тимска работа, решавање проблеми и ефикасна комуникација. Истражувањето има за цел да им помогне на администраторите и креаторите на политики подобро да го разберат односот меѓу целите на политиките, училишните практики и резултатите од студентското учење во голем број општествени, економски и културни окружувања.
Во првата година истражувањето го водеше SRI International во координација со владите на Финска, Индонезија, Русија и Сенегал, кои беа избрани токму поради нивните разновидни образовни системи.
„Креаторите на политики за образованието и училишните лидери долго време покажуваа посветеност на трансформирањето на образованието, за студентите да ги добијат потребните вештини“, изјави Ентони Салцито, потпретседател за светско образование во Мајкрософт. „Проблемот е што политиката всушност не се применува на терен. Повеќето наставници не знаат како да ги имплементираат овие идеи со своите ученици“.