Британската група за кампањи за приватност Big Brother Watch неодамна откри дека биле извршени речиси 3 милиони проверки во Бирото за криминални досиеја (CRB) во Англија и Велс во 2011 година, од страна на околу 4.000 регистрирани органи.
Во основа, бројките велат дека биле проверени 1 од 17 Британци и дека голем број организации имале пристап до приватни податоци на поединци без нивно знаење.
Big Brother Watch соопшти дека бројките се „тажно обвинение за земја која изгубила чувство за сразмерност и го заменила здравиот разум за парче хартија“.
Целта на проверките на Бирото за криминални досиеја била заштита на децата од стапување во контакт со опасни возрасни лица, но реалноста е дека секое лице кое било или не било осудено или добило предупредување кое нема никаква врска со деца, со самата проверка на криминалното досие може да се смета како опасен криминалец.
Уште повеќе загрижува тоа што системот уште еднаш се покажа како погрешен, предизвикувајќи невини луѓе да се сметаат за сексуални прекршители и да ги губат своите работни места.
Во 2010 г., Big Brother Watch ја откри непрецизноста и неефикасноста на системот на CRB (кој треба да биде целосно прецизен), а кои придонесувале за просечно 7 грешки дневно уште од 2004 година.
На 9 февруари, 2012 г., судијата од Високиот суд, Кенет Паркер укажа дека системот на CRB бил несразмерен и некомпатибилен со правото на приватен живот утврдено со Европската конвенција за човекови права и дека прашањето целосно заслужува да биде разгледано од Апелациониот суд.
Вицепремиерот Ник Клег изјави дека размерот на системот ќе се намали и дека Законот за заштита на слободите содржи планови за намалување на проверките на Бирото за криминални досиеја.
Во однос на промените, министерот за внатрешни работи Лорд Хенли изјави: „Она што се обидуваме да го направиме е да создадеме систем кој ќе ги обезбеди потребните заштитни мерки, но нема да направи родителите да чувствуваат дека нивните деца се автоматски безбедни – родителите сè уште мора да ја имаат должноста да внимаваат на своите деца предупредувајќи ги за потенцијалните опасности“, истовремено додавајќи дека на училиштата и другите организации ќе им биде дозволено да инсистираат на проверки на криминалните досиеја.
- 3 Million Background Checks in 2011 (10.02.2012)
- The Grim Consequences of CRB Mistakes (22.04.2010)
- CRB checks ‘near 3m’ says Big Brother Watch (10.02.2012)
- Student in legal challenge to criminal record of GMP warning for stealing bikes when he was aged 11 (9.02.2012)
Извор: ЕДРИ-грам „UK: 3 million checks on criminal records in 2011“ 15 февруари, 2012.



