Здравствениот сектор може да ги намали своите трошоци и да ја зголеми безбедноста на своите ИТ системи со поголема примена на софтверот со отворен код, се вели во истражувањето на Универзитетот на Институтот Ворвик за дигитално здравство и Центарот за здравствена информатика и мултипрофесионално образование при Медицинскиот факултет UCL.
„Софтверот со отворен код всушност може да обезбеди поголема сигурност отколку поскапите алтернативни решенија. Лиценцирањето на софтверот со отворен код кај информатичките системи во здравството е од суштинско значење за стратегијата за рационални набавки“, пишуваат проф. Џереми Вајат и д-р Карл Џ. Рејнолдс во трудот објавен во весникот Medical Internet Research, во февруари 2011г.
„Ние сметаме дека информатичките системи во здравството (HIS) со лиценциран софтвер со отворен код обезбедуваат клучна можност за промоција на ефективни системи преку зголемување на ангажманот на клиниките во развојот на софтверот, поттикнување на иновации, подобрување на употребливоста на системите и намалување на трошоците и затоа треба да бидат клучни за стратегијата за рационална набавка на HIS“.
Во нивниот труд, истражувачите го одбиваат аргументот дека слободниот софтвер ги прави неговите корисници поодговорни за грешки во софтверот отколку корисниците на неслободниот софтвер. „Обично една голема организација му плаќа на надворешен соработник за поддршка и имплементација на софтвер со отворен код. Многу такви изведувачи на решенија за слободен софтвер им нудат законски надомест на клиентите на ист начин како и комерцијалните продавачи на софтвер“.
Тие исто така велат дека е „многу неразумно“ да користите ИТ стандарди кои не се имплементирани од страна на барем едно решение базирано на софтвер со отворен код. „Да се има имплементацијана на некој стандард базирана на софтвер со отворен код значи и дека стандардот е поверојатно да има висок квалитет и дека стандардот е многу поверојатно да стане широко усвоен. Всушност, забележано е дека сите успешни отворени стандарди имаат имплементации базирани на софтвер со отворен код“.
Извор: OSOR.eu „UK: Researchers say open source lowers costs, increases security“ 31 март, 2011.



